четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ОФИЦИЈАЛЕН ДОКУМЕНТ: 61 потпис за рушење на Владата на Заев и Ахмети

ОФИЦИЈАЛЕН ДОКУМЕНТ: 61 потпис за рушење на Владата на Заев и Ахмети

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за четврток ја закажа седницата на која треба да се гласа доверба на Владата, откако вчера до него ваква иницијатива со потписи од 61 пратеник поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, АА и Алтератива, Беса и Левица.

Потоа, според партиски информации, Џафери го повикал премиерот Зоран Заев на средба во Собранието, а таму беше и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Дел од медиумите објавуваат дека според досегашните информации, сепак, неизвесно е колкумина пратеници ќе гласаат за недоверба на Владата на Заев во четврток.

Покрај шпекулациите кои деновиве кружат од разни политички страни, каде се говори дека нема доволно потписи за рушење на Влада, вистината е дека потписите се собрани.

В продолжение ви го пренесуваме официјалниот документ кој говори дека се собрани 61 потпис за рушење на Владата на Заев и Ахмети.

Најнови вести