Со дефинирање на односот на сили во Собранието 60 наспроти 60 пратеници помеѓу власта и опозицијата сега и формално е јасно дека СДСМ и ДУИ немаат веќе власт во Македонија. Ја нема, засега ни опозицијата. Македонија, од оваа состојба на безвластие може да излезе само се брзи, многу брзи избори најдоцна за три месеци од сега.
Со 60 пратеници СДСМ и ДУИ не можат да прават реконструкција на владата после тешкиот изборен пораз, не можат да носат нови закони за нивни интерес, а прашање е и како ќе се усвои буџетот за 2022 година.
Можно е да се купи еден-два пратеника за одредена намена но, тоа е веќе корупција која ова власт ја плати со тежок пораз на изборите и губење меѓународна поддршка. Изјавата на пребеганиот пратеник од БЕСА дека “меѓународен фактор“ му советувал да не гласа за соборување на владата е приказна за мали деца. Причината да не дојде и гласа во Собрание е крупна, многу крупна корупција исплатена на рака. Нема тука мешање на “странски фактор“, туку е само изговор на пратеникот од БЕСА за земениот поткуп.
Ниту пред, ниту за време, ниту по изборите ниеден “меѓународен фактор“ не се мешаше во изборите, а знаеме како тоа изгледа кога мешање имало. Исто така, секому е јасно, дека до декември Бугарија нема да има ни влада, а камоли согласност Македонија да ги почне преговорите за ЕУ кои, патем, не значат ништо за политичкиот и економскиот живот во Македонија сега, ниту во наредните години.
Затоа, во иднина, оваа корупција и купување пратеник од БЕСА ќе биде сигурно предмет на темелна истрага и одговорност и за тој што дал, а и за тој што прмил поткуп. На овој начин се подрива уставниот и демократски ситем на државата, а политичката воља завршува на касата на СДСМ и ДУИ.
Тоа го направи Амди Бајрам кога СДСМ подготвуваше ново парламентарно мнозинство во 1999 година. Амди преговараше со Црвенковски и прифати да биде дел од новото парламентарно мнозинство за пад на владата на Љубчо Георгиевски, но потоа го измами Црвенковски и не го исполни договореното. Веднаш по враќање на власт од страна на СДСМ во 2002 година, Амди Бајрам беше осуден на 4 години затвор кој го одлежа.