понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ордановски: Реконструкцијата е несолена шега, пратениците треба да кажат НЕ!

Ордановски: Реконструкцијата е несолена шега, пратениците треба да кажат НЕ!

Сашо Орданоски за себеназнувањето на Заев и за министер за финансии, во неговата последно објавена колумна на порталот Цивилмедиа под наслов “Несолената шега на Заев“, смета дека овој предлог на министри од страна на Заев е потценување на интелегенцијата на демократски настроените граѓани, и можност за злоупотреба на пари ?

„Кога еден премиер ќе го смени својот министер за финансии и – задржувајќи го како советник околу себе – ќе ги преземе и неговите дотогашни надлежности во Министерството за финансии, тоа во секоја влада значи една работа: дека на премиерот му треба побрз и „поразновиден“ проток на парите одошто тоа го обезбедувал министерот. Брзината значи решителност, значи потреба од поитни резултати, но може да подразбере и невнимателност, помала контрола врз протокот на тие пари и простор за нивна злоупотреба.

Многу скоро ќе видиме која од овие причини превладала во решението на Заев да го смени Тевдовски и да го преземе и неговото портфолио – дали во трошењето на парите му е важна брзината или намалената контрола? Може да е и комбинација, што е познато под квалификацијата „Премиерски брзи прсти“.

Другите промени во Владата се, главно, на работ од тоа да се… па, да, скандалозни. Да ја уништиш, со еден потег, целата идеја за „Едно општество за сите“ со тоа што ќе го именуваш г. Садула Дураки, „инженер по машинерија“, за министер за политички систем, тоа е како да ставиш ревматолог да го води ресорот за култура! … Уууупс!

Во ваков контекст, каква е оваа владина реконструкција? Делува како несолена шега.

Ако имаат малку интегритет и политички усул, добар дел од пратениците од владејачката коалиција би требало да НЕ ја изгласаат оваа предложена владина кадровска реформа и да го вратат Заев на поправен. Тоа може да биде спасоносен чекор за оваа премиерска непромисленост која ги има во себе сите знаци на рецепт за одложена политичка катастрофа.

Тоа, се разбира, нема да се случи. Наздравје“-пишува Орданоски во својата колумна.

 

Најнови вести