Сега треба органите, ако не утре да излезат со прес конференција, не само министерот Спасовски, ова е класичен случај за организиран криминал во МВР. Значи таму има луѓе што треба да се бават со тоа. Таму се луѓе кои што би требало да бидат професионалци, ако не ги контролирале тоа е анализата со која треба да се занимаваме. Затоа што ако ми дозволите целата оваа ситуација е резултат на ова владеење на Зоран Заев во кое што се се стави да се преговара на маса. Ние ја знаеме високата цел. Направија милион компромиси, се направија од поздравувања со Амди Бајрам до толерирања, посочи Сашо Ордановски во гостувањето на 1ТВ.
Ордановски појасни дека ова е таа атмосфера која што во Македонија година ипол откако Заев е дојден на власт владее, во која што сите мислат дека на крајот се може да се договори од уставни промени до бегање од правдата.
-Поради оваа атмосфера политичка, Заев ќе си плати цена за тоа, но за да ја пресретне таа цена мора веднаш да се излезе во јавноста со форензичка анализа како успеа Груевски да избега од земјата без при тоа да знае власта, смета Ордановски.