вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Орвел вода да им носи: Слобода било ако граѓаните не знаат за какви уставни промени ќе гласаат

Орвел вода да им носи: Слобода било ако граѓаните не знаат за какви уставни промени ќе гласаат

Владините челници сметаат дека граѓаните не треба да знаат за какви уставни промени ќе гласаат и затоа се обидуваат да ја премолчат вистината на различни начини, колку и да се смешни и понижувачки истите.

Министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска при своето гостување во телевизија Алсат-М вели дека уставните промени не биле суштина на договорот.

Оваа нејзина изјава е класична манипулација бидејќи граѓаните на референдум, од страна на власта, се принудувани да гласаат за промена на името на Република Македонија.

-Уставните промени не се суштина на договорот… Како е легитимно прашањето кои се уставните промени кои зависат од референдумот, а не е легитимно прашањето кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот, рече Шеќеринска.

По ова, новинарот Попетрески оцени: „Ова е бегање од одговорот.“

Одговорот дојде само еден ден подоцна, во изјава на Зоран Заев, дадена на 15.09.2018. Како изјава од рубриката “Верувале или не“, македонскиот премиер тврди дека ако граѓаните знаат за што ќе гласаат, ќе им биде непријатно.

-Многу се логични самите уставни промени што ќе се случат. Верувам дека презентацијата ќе биде штом ќе бидат готови официјалните државни комисии кои што би работеле на уставните промени… Јас сакав уште сега ако може да се презентираат, да видат граѓаните како тоа изгледа, но со сето тоа ќе се прави непријатно влијание врз граѓаните, а граѓаните треба навистина слободно да одлучат во овој период, истакна Заев.

Нивните изјави се недопустливи за одговорни политичари и ваквиот третман на граѓаните е симбол за газење на слободата и деградирање на граѓанинот. Полошо од најлошите вакви однесувања познати во историјата, потсетуваат на “орвелизмот“.

Џорџ Орвел е псевдоним на британскиот писател Ерик Артур Блер. Најпознат е по својот роман „1984“.

Ова дело претставува визија за тоталитарната држава, во која човекот е потполно деградиран како личност, каде што владеат беда и глад, каде што историјата се фалсификува и каде што човечките вредности цинично се сведени на најнизок степен. Ова е протест на писателот против овие тенденции коишто може да ја насочат историјата во тој правец. И не само протест туку и предупредување.

Не е познато дали Заев и Шеќеринска го имаат прочитано ова дело или идејата за вакво однесување ја добиле од друго место, но едно е сигурно: Тие на Македонија и приредуваат нешто многу посериозно, а Орвел со својот стил може “вода да им носи“.

Најнови вести