Плакатите во центарот на Скопје станаа секојдневие. „Зоран Заев: Стојам позади Катица Јанева; Катица Јанева за мито од 8 милиони евра: Се ќе биде во ред“- ова е напишано на последните кои осамнаа.
Претходно граѓаните го прашуваа Заев: „дали вака крајот мириса?“.
Пред некој ден во Скопје исто така имаше плакати. Граѓаните велат дека премиерот Зоран Заев е главата на криминалниот октопод, а специјалната јавна обвинителска Катица Јанева главен чирак.
Исто така осамнаа и графити во центарот на градот. Граѓаните го прашуваа Заев каде се парите од ташната на Бојан Јовановски познат како Боки 13, кои како рекет ги зема од Орце Камчев.