сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Откако добија покана за Врање, дипломати се вакцинираа во Политклиниката во Чаир

Откако добија покана за Врање, дипломати се вакцинираа во Политклиниката во Чаир

Вработените во МНР синоќа беа изненадени кога добија мејл лично од министерот за надворешни работи Бујар Османи со покана со точен термин денеска да се јават во Политклиниката во Чаир за да се вакцинираат. Поканите ги добија оние кои вчера потврдија дека сакаат да се вакцинираат. Веста со неверување се ширела во зградата на МНР, а дел од раковоството тргнало по ходници и канцеларии и лично, усмено да ги канат вработените за вакцинација, во случај некој синоќа да не го видел мејлот од министерот, објави мкд.мк.

Иако не беа ставени на листата на „критична инфраструктура” која има предност пред „обичното” население, откако Македонскиот дипломатски синдикат во саботата, доби покана преку сидникалните колеги на српското Министерство за надворешни работи да се вакцинираат во Врање на 8 мај, владините полуги се раздвижија за да не се случи скандал наши дипломати, во неможност нивната држава да ги имунизира, да добијат вакцина во Србија.

Некои од вработените во македонското МНР преку фејсбук изразија задоволство од одлуката на властите да добијат вакцина.

За разлика од пратениците кои добија Спутник V, за дипломатите беа издвоени дози од преостанатите количини на вакцините на „Фајзер”.

Инаку, Македонскиот дипломатски синдикат неколку месеци апелираше дипломатите и службениците, поради природата на нивната работа која значи бројни контакти во земјава и во странство, да бидат ставени на приоритетна листа за имунизација, уште повеќе затоа што коронавирусот беше длабоко навлезен во зградата на МНР и бројни беа случаите на заболени или на лица во изолација. Синдикатот од крајот на март изразуваше загриженост и незадовлство, а последниве денови, проблемот беше издигнат преку меѓународна синдикална соработка, по што преку колегите од српското МНР беше издејствувана вакцинација во Врање.

Како што се дознава, дел од вработените во МНР сепак избраа вакцина да добијат на 8 мај во Врање, а за нивниот број српските колеги ќе бидат известени.

Најнови вести