четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Откако Мицкоски најави македонска пролет, Заев ќе правел пролетна офанзива

Откако Мицкоски најави македонска пролет, Заев ќе правел пролетна офанзива

Уште пред еден месец претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави македонска пролет со будење на народот.

Пред еден месец на настан организиран од УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски најави доаѓање на македонска пролет, која како што рече не подразбира само будење на природата, туку и будење на народот.

-Нов почеток, нова енергија, бунт на чесниот народ против нечесните, стануваат обесправените, против оние кои носат неправда. Оваа македонска пролет ќе биде посебна. Ова ќе биде чиста борба на народот против хибридниот режим. Ова е повик на сиромашните и гладните против оние кои полнат џебови на трудот на напатениот народ. Пролета доаѓа, а тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ е будно и на штрек. И дека Владата ќе падне брзо, затоа што и чесните луѓе на СДСМ гласно велат дека овие ја претераа, истакна Мицкоски.

Својот говор тогаш го заврши со став дека мораме да ја обезбедиме иднината и да излеземе од туњата во која како општество и народ не ставија. Цитираји го Балашевиќ кажа: – Нели и во една песна стои “Власт е власт ама чест е чест”, Мора да се прочисти политиката, има работи што се прашање на чест, заедно да се бориме, за да заедно победиме. Никогаш, ама баш никогаш не ме интересирала власт, моќ и функции, ме интересира да си ја спасиме и кренеме државата, да обезбедиме и создадеме иднина. Да го стопираме слободниот пад. Доаѓа ново време, доаѓа време на промени. Македонија е посилна од поразите.“, рече Мицкоски.

На вчерашните внатрепартиски избори Зоран Заев повторно беше избран за претседател на СДСМ, како единствен кандидат. Креативноста на СДСМ и Заев се „истакна“ вчера во говорот на староново избраниот партиски лидер кој најави нова политика и пролетна офанзива.

-Пристигнува пролетта, а велат дека таа е најубавото годишно време во годината, кое носи нови промени и значајни нешта. Доаѓањето на пролетта го означува почетокот на нашата пролетна фанзива за нов пресврт на политичко делување на СДСМ и Северна Македонија. Следува сериозна реформа на досегашната кадровска понуда на СДСМ, ќе внесеме нова енергија во нашите редови, ќе ги отвориме вратите за сите оние кои се блиски до социјалдемократските идеи, ќе ја продлабочиме започната борба против високата корупција и организираниот криминал и ќе ја креваме мотивацијата на нашите граѓани, изјави вчера Заев.

Најнови вести