вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Падна ли предизборен договор Заев – Ахмети: Сите се криви само Филипче НЕ!?

Падна ли предизборен договор Заев – Ахмети: Сите се криви само Филипче НЕ!?

Претседателот на владата, Зоран Заев, денес не ги прифати понудените оставки на министерот за здравство и неговиот заменик, Венко Филипче и Илир Хасани, кои ги понудија за трагедијата во модуларната Ковид болница во Тетово.

-Внимателно ги прочитав наодите на истражителите од вештачењето кои беа објавени денеска. Нема причини да се лоцира политичка или менаџерска одговорноста кај Филипче и Хасани кои од морални причини поднесоа оставки од функциите, рече Заев на прес-конференцијата пред Владата.

Јавното обвинителство денеска ги објави причините за пожарот во модуларната болница. Вештачењето на крим-техника утврди дека пожарот во тетовската модуларна болница настанал како последица на прегревање на кабел на дефибрилатор, по што се запалил продолжениот кабел на кој биле приклучени дефибрилаторот, полнач за мобилен и уште еден апарат.

Оваа изјава на Заев беше пречекана како на „нож“ од целокупната јавност, па така граѓаните револтот го искажаа на социјалните мрежи преку коментари.

Оттука се поставува и едно друго клучно прашање, а тоа е дали ова е коалициски договор помеѓу Зоран Заев и Али Ахмети во пресрет на локалните избори?

Ваквото прашање доаѓа апропо реакциите на јавноста веднаш по несреќата, кога речиси сите побараа одговорност од министерот и неговиот заменик, а тие решија да понудат оставки кога јавноста бурно изреагрира на оваа трагедија.

Најнови вести