Професорот Никола Пановски кој е советник во Советот на град Скопје од редовите на ЛДП, преку коментар на социјалната мрежа Фејсбук вели дека Арсовска не ги почитува советниците како и граѓаните на градот Скопје.
Тој во коментарот вели дека Арсовска доцнела на седницата, а потоа седнала во задниот ред во галеријата, споредувајќи како премиерот да седне во галеријата во Собранието при пратенички прашања.
Пишува дека 10 месеци се случува истото ова, а локалната власт конечно сфатила каква личност им подметнала на граѓаните.