Факт е дека ги нема вакцините. Факт е дека имавме ветувања, сега кажаа нејќеме да шпекулираме, на 28-ми февруари рекоа дека нејќеме да шпекулираме, меѓутоа требаше да се извинат зошто шпекулираа до сега, рече Никола Пановски при своето гостување во „Само Вистина“.
Пановски додаде дека цело време власта кажуваше датуми кога треба да пристигнат вакцините, а вакцините никако не пристигнуваа на кажаните датуми, тоа беше класична шпекулација. И за жал се уште ние како граѓани не знаеме кога вакцините би стасале во Македонија.
„Факт е дека можеше се подобро да се направи, значи ако гледате што прави Србија, можеше што вика народот да се „шлепуваме“ со нив. Дали они ќе набавеа 5 милиони или 6, или 5 милиони и двесте илјади, нас двесте илјади ќе ни завршеа работа“, појасни Пановски.
Пановски посочи дека можеше и со Албанија, Косово или пак други балкански земји да се придружиме при набавка на вакцини.