понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пауновски за Заев: Не може да бидете пријател со човек кому му се промениле ставовите

Пауновски за Заев: Не може да бидете пријател со човек кому му се промениле ставовите

Поранешниот директор на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски, човекот кој ќе остане запаметен зошто беше разрешен откако покажал пркос и одби да прими триесетина „рамковни“ без квалификации во неговата институција, се врати на старото работно место- главен регионален инспектор во Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи Тетово, која го опфаќа регионот Тетово, Кичево, Дебар и Гостивар.

Во разговор за „Фактор“, Пауновски вели дека е задоволен со својата сегашна работа, а не е голема ни разликата во плата од местото директор на ДПИ, каде земал 54 илјади денари, наспроти сегашната позиција главен инспектор во РД на УЈП Тетово, каде зема плата од 46 илјади денари.

Дали има комуникација и дали можеби останал пријател со премиерот Зоран Заев, Пауновски вели дека тоа, едноставно, не е возможно.

-Не можете да имате коумуникација или да бидете пријател со човек кој не ви излегол во пресрет кога требало и со човек со кој во опозиција заедно сте се залагале за едни принципи, а сега му се промениле ставовите, нагласува поранешниот прв човек на ДПИ.

Не е активен ниту во партијата, каде претходно 11 години беше претседател на Општинската организација на СДСМ, бидејќи, вели дека нема логика за такво нешто.

Најнови вести