четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Павле Богоевски сам се пријави во полиција

Павле Богоевски сам се пријави во полиција

Пратеникот Павле Богоевски попладнево самиот се пријавил во полициската станица Центар за маслото од канабис, но поднел пријава и за непознат сторител.

Според Телма тој во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави самиот, бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал да купи кокаин.

Богоевски тврди дека не купувал кокаин туку канабис масло за близок човек, а во полиција пријавил и дека бил нелегално сниман од страна на таксистот кого не го памети.

Богоевски вели дека се што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање.

Најнови вести