Претседателот на ДПА Мендух Тачи, партија која партиципира во Владата во емисијата „ClickPlus” на ТВ21 истакна дека чувствува дека СДСМ сака да направи влада без ДУИ.
Тачи рече дека е подготвен да соработува и со ДУИ, но под еден услов.
ДУИ не е мој противник, подготвен сум да преговарам со нив и да соработувам ако прифатат да бидам вицепремиер, рече Тачи.
Лидерот на ДПА рече дека лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и лидерот на ДУИ Али Ахмети соработуваат против него.
Во гостувањето на ТВ21 во дебатниот магазин „ClickPlus”, лидерот на ДПА упати сериозни обвинувања за политичката партија Алтернатива, неговиот најсериозен противник во албанскиот блок. Рече дека таа партија која се финансира од сомнителни извори, нешто од Турција, нешто од Иран.
Земети ги анализирајте ги прстените кои ги носат луѓето во Алтернатива. Тие се како прстенот на убиениот Касим Сулејмани од Иран, вели Тачи, кој напомена дека државата е нема во односот на начинот на финансирање на Алтернатива.