Денеска градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков кој исто така е дел од Управниот одбор на ЗЕЛС пред медиумите истакна дека е незадоволен од работата на ова тело, на чие чело е градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Исто така поради неажурноста на Арсовска ова тело ЗЕЛС неуспешно се бореше со предизвиците со кои што се соочија општините оваа година.
Во своето излагање тој ги посочи и проблемите со кои што се соочувале општините оваа година.
„Имавме проблеми со снабдувањето, па се формираа нови јавни претпријатија кои што беа пуштени на регулиран пазар врз основа на законите кои што ги имаме во Република Македонија по бројката на вработени и по обртот кој што го прават на годишно ниво. Па, понатаму беа вратени“, истакна Пецаков на денешната прес конференција.
Тој укажа дека исто така јавните претпријатија кои што се занимаваат со вода и прочистување на отпадните води беа оставени на милост и немилост цела година поради растечките цени на електричната енергија.
„Како ЗЕЛС немавме доволно состаноци“, заклучи Пецаков.
„Состаноците на ЗЕЛС најголем дел беа организирани самоиницијативно од членовите на Управниот одбор, а затоа е потребно 1/3 за да се свикаат. Можеби, не знам, ќе разберам уште поголем предизвик е потешко и да се води Градот Скопје очигледно е тоа веќе, ги гледаме проблемите таму што се случуваат. Па, можеби таа нема време за Управниот одбор на ЗЕЛС. Меѓутоа како е и да е за генерално за Управниот одбор на ЗЕЛС ќе ја оценам како неуспешна година“, нагласи Пецаков.