Губењето на довербата од граѓаните кое го видовте во првиот круг од претседателските избори ве натера помеѓу двата круга да организирате еден театар во Карпош каде што од страна на Дац ви беше дадена една метла и тогаш рековте дека метлата е добра порака и тоа од вашите. Ја прифативте метлата и два месеца граѓаните се занимаваа со метлата, а во меѓувреме од метла стана метличка, му порача Весна Пемова, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на Зоран Заев на денешната собраниска седница каде се дискутира за реконструкцијата на Владата на СДСМ.
Пемова потенцираше дека екномијата во Македонија е катастрофална и дека нема ништо од ветените 500 евра плата бидејќи за една година просечната плата се зголемила за 270 денари што не е ни приближно 500 евра плата.
-Ако сега просечната плата е 24 700 денари ви требаат уште 5000 денари до 30.000 денари. Колку години ви треба господини премиер за да ја достигнете вредноста на просечната плата од 30.000 денари? Дури ни во 2025 година не би го постигнале тоа, вели Пемова.