сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов

Пендаровски го прими ученикот Амир Дестанов

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Амир Дестанов, ученик во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“, Шуто Оризари, кој на натпреварот по математика на „Кенгур 2022“ освои трето место и е вклучен во активностите на „Дневниот центар за деца на улица“.

Претседателот Пендаровски беше запознат со исклучително тешкото детство на Амир и со суровите услови на живот кои ги искусил од најмала возраст. Импресиониран од успесите и посветеноста на Амир, претседателот Пендаровски му го честиташе 3-то место на математичкиот натпревар и му посака светла иднина и безгрижни тинејџерски денови.

На средбата, претседателот го охрабри Амир да продолжи со посветеноста во образовниот процес, како би ги постигнал своите цели за подобра иднина.

На средбата присуствуваа и наставничката по математика на Амир и претставници на дневниот центар, со кои се разговараше за постигнатиот успех на осмоодделенецот, како и за предизвиците и условите за работа на „Дневниот центар за деца на улица“.

Најнови вести