недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски на средба со НГШ на Италија, Енцо Вечиарели

Пендаровски на средба со НГШ на Италија, Енцо Вечиарели

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска прими делегација на вооружените сили на Република Италија, предводена од генерал Енцо Вечиарели, началник на Генералштабот.

Пендаровски истакна дека ја цени досегашната соработка помеѓу македонската и армијата на Италија. На средбата претседателот Пендаровски посочи дека очекува соработката на одбранбен план меѓу двете држави уште повеќе да се интензивира со полноправното членство на Македонија во НАТО Алијансата.

Истовремено, тој подвлече дека за припадниците на македонската армија од особена важност е да продолжи нивната доедукација и посетување тренинзи за усовршување на техниките во рамки на образовните институции во Италија.

Посочувајќи дека и нашата земја и Армијата можат да понудат соодветни можности за италијанските војници, претседателот Пендаровски искажа верување дека соработката помеѓу двете Армии ќе биде подеднакво успешна, како што тоа е случај со соработката на Македонија и Италија на политичко и на економско ниво.

Најнови вести