Претседателот Стево Пендаровски во интервју за австрискиот весник Die Presse вели дека не се надева на сигнал, туку очекува одлука за отворање на претпристапните преговори на ЕУ.
-Не се надеваме на сигнал, туку очекуваме одлука. Во изминатите година и пол испорачавме сè што требаше. Дури го сменивме и нашето име по историскиот договор со Грција. Ниту една земја-кандидат го нема направено ова порано. Штом ЕУ вели дека процесот на зачленување се заснова на резултати, тогаш не очекуваме ни повеќе ни помалку од она што сме го постигнале. Мојата порака е: Дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени, вели Пендаровски за Die Presse.
Пендаровски истакнува дека власта била особено разочарана во јуни години.
За тоа како народот гледа на овие случува, тој вели дека очекуваат земјава да стане членка на НАТО во идните месеци.
-Но, доколку се пролонгираат преговорите за зачленување во ЕУ тогаш Унијата ќе изгуби многу од својот кредибилитет. Ентузијазмот за ЕУ во нашата земја ќе падне значително. Луѓето прашуваа, зошто треба да го смениме името на земјата? Ние им рековме за да можеме да станеме дел од ЕУ. Ние исполнивме сè. Сега народот нè прашува – зошто има повторно одложување?, вели Пендаровски во дел од интервјуто за австрискиот весник.