недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски се сретна со делегација на Светска банка

Пендаровски се сретна со делегација на Светска банка

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Светска банка предводена од Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија.

На средбата стана збор за портфолиото на Светска банка за регионот на Западен Балкан и Северна Македонија, тековните проекти и плановите на среден рок.

На средбата се разговараше за политичките и економските случувања во поширокиот регион и предизвиците од руската инвазија врз Украина и за глобалната економија. Соговорниците разменија мислења за проекциите за раст на земјите од регионот во текот на оваа година, како и за проекциите за глобалната економска и финансиска стабилност.

Делегацијата на Светска банка престојува во Северна Македонија по повод учеството на Втората годишна конференција на Министерството за финансии.

Најнови вести