среда, 3. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски утре на Ковачевски ќе му врачи мандат за состав на нова Влада

Пендаровски утре на Ковачевски ќе му врачи мандат за состав на нова Влада

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот за состав на нова влада на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, информиораа од претседателскиот Кабинет.

Собранието минатата недела ја констатира оставката на премиерот Зоран Заев, со што започна да тече рокот од десет дена во кој претседателот Пендаровски треба да го довери мандатот за формирање нова влада.

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница официјално го потврди Ковачевски како кандидат за нов премиер. Формирањето на новата влада Ковачевски го најави за средината на следниот месец, најдоцна до 18 јануари.

Откако мандатарот ќе го добие мандатот за формирање нова Влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец тој до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. За да биде избран, за предложениот владин кабинет треба да гласаат најмалку 61 пратеник. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието. 

Најнови вести