Претседателот Стево Пендаровски, утре – 26 мај 2021 година, среда, на Меѓународниот аеродром Скопје ќе го пречека претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што ќе одржат тет-а-тет средба.
По завршување на средбата, двајцата претседатели со државниот авион на Република Бугарија, ќе отпатуваат за Рим, Италијанска Република каде што заеднички ќе оддадат почит на делото на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.