четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пендаровски во официјална посета на Италија

Пендаровски во официјална посета на Италија

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денес ќе престојува во официјална посета на Република Италија.

Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од страна на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела. Двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.

Шефот на државата ќе оствари средба со претседателот на Долниот Дом на италијанскиот парламент, Роберто Фико, како и заедничка средба со сенаторот Еторе Личери, претседател на Комитетот за Европски прашања, сенаторот Лучијано Д’Алфонсо, претседател на групата за пријателство со Интерпарламентарната унија и членови на Комисиите на Сенатот за надворешни работи, одбрана, европски прашања и на групата за соработка со Република Северна Македонија.

Во рамки на официјалната посета на Република Италија, Пендаровски ќе одржи предавање на Факултетот за политички науки, социологија и комуникации на Универзитетот Сапиенца во Рим.

Најнови вести