Наназад два или можеби три месеци се водат политички консултации во рамки на Владата за 14 амбасадорски позиции, колку што јас знам. Кога ќе завршат консултациите министерот за надворешни работи доаѓа кај мене. Меѓу овие места е и позицијата во Париз, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски.
Пендаровски истакна дека меѓу оние 14 испразнети амбасадорски места освен Париз имаме многу значајни земји како Берлин, Лонодон, Кина… Тоа е се уште предмет на консултации во Владата, повтори шефот на државата одговарајќи на новинарско прашање дали Виктор Димовски ќе биде амабасадор во Париз по случувањата во АНБ.
Претседателот на државата денеска имаше обраќање на настан организиран од Советот на амбасадорите.