понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Перински: Законот за двојазичност и договорот со Бугарија не носат добробит за македонскиот народ

Перински истакна дека сериозно ги загрижува фактот што Република Македонија склучи договор со нашиот сосед Република Бугарија за кој што ВМРО–ДПМНЕ смета дека е комплетно асиметричен за Република Македонија, бидејќи сите обврски од тој договор кој што произлегуваат се на контото на Република Македонија.
Перински: Законот за двојазичност и договорот со Бугарија не носат добробит за македонскиот народ

Главен императив на ВМРО–ДПМНЕ како политичка партија, а и кога ја практициравме власта нашата главна определба беше развивање на добрососедските односи кој што ќе бидат базирани на симетричен прицип и кој што ќе донесат добро на двете држави и народи кој што ќе бидат вклучени во тие преговори, кажа Златко Перински, член на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Перински истакна дека сериозно ги загрижува фактот што Република Македонија склучи договор со нашиот сосед Република Бугарија за кој што ВМРО–ДПМНЕ смета дека е комплетно асиметричен за Република Македонија, бидејќи сите обврски од тој договор кој што произлегуваат се на контото на Република Македонија.

-Дополнително не загрижува фактот што ратификацијата на договорот во Собранието на Република Македонија се случи без присуство на опозицијата т.е со 61 пратеник. Тоа е поразителен факт бидејќи немавме простор да допридонесеме за подобрување на членовите во тој договор, вели Перински во своето гостување во емисијата Алфаскоп.

-Дополнително од тој договор ќе произлезат мешани заеднички комисии помеѓу Република Македонија и Република Бугарија кој што првенствено треба да се преиспитува историјата исклучиво на Република Македонија и од таму веќе се навидува индиректно проблем кој што би можел да застане на патот помеѓу Република Македонија и нејзината интеграција во Европската Унија и НАТО, бидејќи на некој начин доколку тие заеднички комисии предложат некакви интервенции во нашите учебници по историја, а ние не би сакале да го прифатиме и интегрираме тоа во тој случај при отварањето на поглавјата во патот на Европската Унија и НАТО може да имаме одреден тип на пречки, вели тој.

Перински истакна дека ВМРО–ДПМНЕ првенствено верува во народот, но потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ е опозициска партија и нема избор освен да верува во институциите на системот и силно е убеден дека без разлика на притисоците кој што тој систем ги чуствува од Владата предводена од СДСМ таму постојат и работат високо професионални кадри, луѓе кои што си ја сакаат татковината и кој што работат за интересите на татковината и пред се за заштитата на уставниот поредок.

-Во таа насока веруваме дека уставниот суд овој закон ќе го прогласи за неуставен како што впрочем и многу луѓе од фелата која што работи на ова материја низ разно разни дебати го прогласијља и се надеваме дека ќе биде превенирана една неуставна рамка донесена во законско решение, вели Перински.

-Би сакал само да додадам дека законот за двојазичност не му носи ништо добро на Македонскиот народ од една едноставна и проста причина што наместо инклузивност на етникумите во Република Македонија мислам дека уште повеќе ќе го продлабочи јазот на различностите на етникумите, бидејќи на останатите етнички заедници ништо добро нема да им донесе користење на нивниот јазик како службен јазик во локални самоуправи каде што нема нивна застапеност и сметам дека тоа само дополнително ќе создаде една непријатна атмосфера и како што реков овој процес на инклузивност ќе се забави и намали.

Најнови вести