Аналитичарот Владимир Петрески вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека дезинформациите околу војната во Украина пристигнуваат главно од нашиот северен сосед.
Според него, дезинформациите се преземени.
„Традиционално информативните врски со северниот сосед постоеле и постојат долго време, и со тие информативни врски пристигнуваат и дезинформациите. Сега веќе подолго време има воспоставени и канали за дезинформации кои постојат со години“, вели Петрески.