петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Петровска дава шанса на дијалог за дипломатското решение меѓу Русија и Украина: Македонија бара да види вистинска деескалација на терен

Петровска дава шанса на дијалог за дипломатското решение меѓу Русија и Украина: Македонија бара да види вистинска деескалација на терен

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, изјави дека целта на денешниот состанок е да се реафирмира единството на НАТО, да се даде шанса на дијалогот во кризата меѓу Русија и Украина и да се потенцира поддршката за целосниот интегритет и суверенитет на Украина.

Според неа, треба до крај да се даде шанса за дипломатско решение за кризата меѓу Русија и Украина, а политичките изјави се само чекор од деескалацијата, но треба да се види и придвижување на теренот за таа цел.

– Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина. Даваме последна шанса на дијалогот за дипломатско решение. Ќе го потврдиме единството на сите земји-членки на Алијансата, како и нивната безбедност, рече Петровска.

Петровска, во одговор на прашање на дописничката на МИА од Брисел, рече дека нема закани за безбедноста на нашата држава, и оти институциите во својата надлежност се подготвени и работат на тоа.

Најнови вести