Левица е испостава на Заев, И формално ставија потпис со поддршка на “Северна”. Дали е стигната некаква исплата од Заев, во кеш или привилегии, ќе треба да си кажат самите, коментира преку својата Фејсбук страница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
-Естрадните турбо фолк политичари од Левица си го покажаа вистинското лице. Ја прифатија “Северна”. Левица е испостава на Заев.
И формално ставија потпис со поддршка на “Северна”. Дали е стигната некаква исплата од Заев, во кеш или привилегии, ќе треба да си кажат самите…
Големите мажиња од Левица, битката за десни гласови од денес и формално ќе ја водат како испостава на Заев, за што впрочем укажував и во минатото.
А нивното рушење на “Северна”, поништување на Преспанскиот и буткање на овој хибриден режим ќе остане само ЛАГА со која кумулираа лајкови на ФБ, намалувајќи го опозицискиот отпор, пишува во својата објава Петрушевски.