„ВМРО-ДПМНЕ обелоденува сериозни криминали за внукот на Али Ахмети за криминали за кои овие од СДС не смеат да зуцнат затоа што им зависи владата и поголемиот партнер може многу лесно да замине“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.
Тој додаде дека Ислам Абази е потчинет на братот на Али Ахмети и шоферот на Али Ахмети.
„Начинот на кој е избран Ислам Абази го спореше Американската амбасада. Зборуваме за човек кој братот на Ахмети му се има качено над глава на слика“, рече Петрушевски.
Петрушевски е дециден дека ДУИ има метастазирано во судството и обвинителството и никогаш нема да покренат постапка освен постапка против нивните не истомисленици. Се претворивме во држава каде не смееш да чепнеш функционер на ДУИ
„Не постои сила, начин и метода со која прво ќе не спречат да им ги кажуваме сите криминали за кои многу наскоро ќе одговараат сите и ќе ги вратат парите украдени од грбот на граѓаните и поштените граѓани Албанци. Ќе одговараат и обвинителите кои фингираат обвиненија против опозицијата“, кажа Петрушевски.
Тој заклучи дека не постои сила, метода и начин со кој власта ќе го натера ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени. Предлозите беа да дадени и не беа прифатени на ВМРО-ДПМНЕ и тука завршува приказната за уставни измени.