Министерот Димитров со испратеното писмо до грчката страна потврдува дека ознаките Македонско, македонски, macedonian не се за етничка или национална припадност туку само за државјанство, пишуваше во јануари оваа година експерс.мк.
Македонија со писмото до грчката страна се согласила означувањето за nationality во кое ќе стои macedonian/citizen of North Macedonia согласно Преспанскиот договор да се однесува исклучиво на државјанство, а не на националност или етничка припадност.
Во документот до кој дојде expres.mk македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров на своите партнери во Атина им пишува дека и формално прифаќа дека „македонско“ или macedonian нема да означува националност, туку државјанство.
Во документот кој го лиферуваат грчките извори јасно се гледа дека македонската влада се откажува од „македонски“ како припадност на нација.
Во документот се зборува и за македонскиот јазик, кој според владата во Скопје е од групата јужнословенски јазици.
Македонската влада тврди дека со договорот се бетонира македонскиот национален идентитет.