четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„По пет години владеење на СДСМ и ДУИ, извештајот на Стејт Департментот нотира сериозно распространета корупција во институциите“

„По пет години владеење на СДСМ и ДУИ, извештајот на Стејт Департментот нотира сериозно распространета корупција во институциите“

При денешната посета на основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“,градоначалникот Тимчо Муцунски одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на Стејт Департментот истакна дека после пет години владеење на СДСМ и ДУИ немаме сериозен напредок во државата а извештајот на Стејт Департментот нотирал сериозно распространета корупција во институциите, проблеми со медиумското опкружување, проблеми со владеење на правото, како и проблеми во затворите.

-Извештајот на Стејт Департментот нотираше работи кои што сите граѓани ги знаат тоа е дека имаме сериозно распространета корупција во институциите, дека институциите работат спротивно на Уставот спротивно на законите, извештајот на Стејт Департментот нотираше дека не се почитуваат препораките на државната комисија за спречување на корупцијата, дека имаме проблеми по затворите, дека имаме сериозни проблеми со тоа што вие го работите, со медиумското опкружување, така да факт е дека после 5 години владеење на СДСМ и ДУИ немаме сериозен напредок, и тоа немаме сериозен напредок по темите кои што за нив беа од најголемо значење во нивната кампања за да ја побараат довербата од граѓаните веќе во 2016 година, во делот на владеењето на правото и во делот на медиумското опкружување. Тоа е извештај на наш стратешки партнер кој што ги нотира фактичките проблеми во државата, нагласи Муцунски.

Најнови вести