Професорите од средните училишта се мета на голем притисок додека директорите вработени од оваа Влада мора да ги бранат политиките на СДСМ, Зоран Заев и Мила Царовска.
Против ваквите политики, средношколците го кренаа гласот и направија бојкот на наставата. Децата трпеа притисок да се вратат на настава, а имаше обид за нивно замолчување.
Како што дознава КУРИР, под голем притисок се и нивните професори. Нашата редакција ја контактираа неколку професори кои предаваат во средни училишта.
Велат дека не смеат да евидентираат часови во дневникот, но принудени биле да евидентираат неоправдани изостаници за учениците во електронскиот дневник.
-Како изговор за ваквиот притисок кој ни го прават, директорката наведува дека нашите матуранти не испратиле официјален меил до неа дека отпочнуваат со бојкот на настава. Инаку, децата и нивните родители ги известиле класните раководители на родителските состаноци дека тие ќе бојкотираат настава. Исто така, задолжени сме секој ден да доаѓаме на работа додека трае бојкотот, а потоа и да одработуваме часови во сабота со што ни се дуплира работното време, велат професорите.