четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Почетокот на учебната година ќе зависи од епидемиолошката ситуација во земјава

Почетокот на учебната година ќе зависи од епидемиолошката ситуација во земјава

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека сега е многу рано да се каже дали ќе има одложување на почетокот на новата учебна година. Почетокот на школската година, како што рече, ќе зависи од повеќе фактори, а најмногу ќе зависи од емидемилошката ситуација, генерално во земјава.

-Во секој случај тоа што е најбитно е дека интензивно се врши вакцинација на наставниците и оти се спремни сите сценарија за почеток на школската година, изјави Филипче по посетата на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје.

Одговарајќи на новинрско прашање, Филипче рече дека се уште е во тек вакцинацијата на наставниците и се чека да заврши тој процес. Најави дека потоа ќе излезат со конкретен процент.

-Сега се вакцинираат и наставниците кои треба да почнат со физичко присуство, ако е се добро и стабилно, а сега држеа онлајн настава. Тој процес ќе заврши оваа и следната недела, па ќе го знаеме точниот процент, нагласи Филипче.

Најнови вести