Младиот Борче Проданов од Валандово, за чие лекување изминатиов период се собираа донации од хумани граѓани и се одржаа голем број на добротворни настани, ја изгуби битката со болеста.
Веста за неговата смрт ја објавија негови пријатели и роднини на социјалните мрежи, јавува Фокус. Негови блиски изминатиов период во повеќе наврати апелираа до јавноста да донира, бидејќи им биле потребни 25.000 евра за лекување во странство. Државата остана глува.
Неговата дијагноза беше dystrophy musculorum progressive, односно болест која ѓи напаѓа клетките на мускулите, со што престанува нивната функција.
Младиот живот згасна во хаосот на македонското здравство додека секторот е без министер поради долгите коалициони преговори со премиерот Зоран Заев.
По оваа трагедија се поставува прашањето: Кој ќе сноси одговорност?
Дали одговорност ќе превземат премиерот Заев, директорот на ФЗОМ, Ден Дончев и заменик министерот Гоце Чакаровски од СДСМ?
Здравството во агонија, а Заев тера политика и коалиции: Пациентите умираат, нема лекови и инсулин, хаос на секаде, а кадрите на СДСМ се свртеа кон корупција и тендери
Додека македонското здравство е во агонија, Зоран Заев си прави калкулации и тера политика со коалиционите партнери.
Иако на неколку наврати беше ветувано дека ќе има нов министер за здравство, ветувањето не беше исполнето и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев го остава здравството и пациентите во агонија.
Најпрво Зоран Заев вети дека нов министер ќе се постави после изборите, потоа се премисли и нов министер за здравство требаше да добиеме после први декември. Оваа одлука подоцна ја презакажа за по вракањето од Приштина.
Заев и Села вчера дебатираа на оваа тема, но решение не беше постигнато. Села бара на местото на Таравари да дојде друг човек од неговата партија, а Заев инсистира тоа да биде Филипче. Додека Заев преговара, луѓе умираат.