Времето денес ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.
Утре во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи и ќе дува умерен на места засилен северен ветер.
Услови за краткотраен локален дожд ќе има в петок и во деновите од продолжениот празничен викенд, а температурите позначително ќе опаднат.