петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Подгответе се за во Грција – следната недела ќе се знае под кои услови ќе имаат влез македонските граѓани

Подгответе се за во Грција – следната недела ќе се знае под кои услови ќе имаат влез македонските граѓани

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска најави дека следната недела ќе има разговори со грчките власти по кои прецизно треба да се знае под кои услови македонските граѓани ќе може да патуваат во Грција.

Засега, рече Филипче, останува најавата дека границите ќе се отворат на 14 мај и дека услов да се поминат ќе биде негативен ПЦР тест или потврда за вакцинација.

-Тоа беа последните информации. Од тогаш немаме нова информација. Околу 14 мај границите ќе се отворат, а за влез во Грција ќе биде потребно или потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест. Ќе разговараме следната недела со министрите со кои разговаравме претходно, така да ќе имаме и нови информации, рече Филипче.

Најнови вести