сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Поголем дел од реките со помал водостој од октомврискиот просек

Поголем дел од реките со помал водостој од октомврискиот просек

Двојно е намалено нивото на реката Струмица кај Ново Село, а намалување на водостојот има и кај поголем дел од останатите реки во државата во однос на октомврискиот просек, покажуваат денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Намалување на нивото е забележано и на реката Црн Дрим кај Ложани,на Вардар кај Јегуновце, на Лепенец во Скопје, на Треска кај Македонски Брод, на Пчиња кај Пелинце и на Крива Река кај Крива Паланка.

Во однос на октомврискиот просек, зголемување на водостојот има само на Вардар кај Велес и кај Демир Капија, како и на Црна Река кај Новаци.

Кај трите природни езера во државава водостојот е во рамки на октомврискиот просек.

Најнови вести