понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Полицајката Јаначковска даде изјава во Обвинителството

Полицајката Јаначковска даде изјава во Обвинителството

Полицајката Јасмина Јаначковска која имаше инцидент со функционерот на ДУИ Беќир Асани денеска даде исказ во Јавното обвинителство.

По разговорот во Обвинителството, Јаначковска не даде изјава за медиумите.

Таа имаше инцидент со Асани пред трговскиот центар „Мавровка“ откако повика пајак служба за неговото возило поради непрописно паркирање.

Случајот предизвика интерес во јавноста бидејќи сведоци кои биле на местото на настанот тврдеа дека Асани ја нападнал полицајката вербално и физички.

На средбата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, таа изјави дека имала само вербална расправа со функционерот на ДУИ и оти самата се удрила во пајак возилото.

Најнови вести