Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017 се издадени 229 одобренија за градење, што е за 36.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1 633 303 илјади денари, што е за 72.9% помалку во однос на истиот месец од претходната година.Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 140 (61.1%) се наменети за објекти од високоградба, 16 (7.0%) за објекти од нискоградба и 73 (31.9%) за објекти за реконструкција.Од вкупно 229 објекти, на 168 (73.4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 61 (26.6%) објект инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 306 станови со вкупна корисна површина од 29 819 м2.