Поради сериозно влошената безбедносна ситуација во и околу Украина, Министерството за надворешни работи упатува апел до државјаните на Северна Македонија кои се уште се наоѓаат во земјата итно да ја напуштат поради можност од воена ескалација. На оние пак кои во претстојниот период планирале посета на Украина, МНР им препорачува да избегнуваат патувања во земјата.
-Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги следи одблиску состојбите, и е во постојана комуникација со нашите партнери и сојузници со кои на дневна основа разменуваме информации и анализи за актуелните состојби, велат од МНР.
Оттаму посетуваат и на претходните повици кон оние граѓаните кои се наоѓаат во Украина, а кои се уште не ги оставиле своите податоци во Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, да ја контактираат на телефонските броеви +380442877882, +380663951190 и на е-mail: [email protected] за да ги достават своите податоци. Дополнително, велат од МНР нашите државјани може да се обратат и во Министерството за надворешни работи на дежурниот телефонски број +389 75 273 732 и следната е-меил адреса: [email protected]
-Воедно ги потсетуваме сите нашите граѓани, и оние кои се наоѓаат овде и оние кои се наоѓаат во Украина, или било каде, да ги следат и да се информираат од официјалните канали на информирање кои доаѓаат од Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и Амбасадата на Република Северна Македонија во Киев, нагласуваат од МНР.
Оттаму посочуваат дека ќе продолжат да ги следат состојбите во Украина и навремено да информираат за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.