Преиначувањето на пресудата од 18 години затвор, на 8 години, од страна на Апелација, за Николов, кој во Велес ја прегази малата Магдалена и ја повреди нејзината мајка, е во најмала рака срам за државата и судството, кое веќе нема ни 1% доверба кај граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Како олеснителни околности, судот навел дека лицето кое го извршил овој акт, бил млад и не бил женет.
Прашањето е како тоа олeснителни околности се лице кое вози под дејство на алкохол, прегазува мало девојче на пешачки премин, воедно ја повредува нејзината мајка и притоа не застанува, не дава прва помош, туку напротив се дава во бегство, каде неколку дена го бара полицијата?
Ова се случува кога цвета корупцијата во судството и кога судиите се избираат во партиските штабови на ДУИ и СДС.
Правда и одговорност мора да има за сите инволвирани во овој трагичен настан, тоа го бараат граѓаните“ – велат од партијата.