Тимот нуркачи на МВР од САЕ Тигар, поради временските услови ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Потрагата ќе ја продолжат рано наутро заедно со тимови на Црвениот Крст и Дирекцијата за заштита и спасување.
Денес е пребаран потегот од мостот Близнак до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон село Долно Лисиче“, велат од ЦУК за Прес24.