Не престанува поддршката на колегите, блиските и македонската јавност воопшто- на социјалните мрежи, за притворениот актер, обвинет за тероризам – Владо Јовановски. Една од поемотивните, е на поранешниот директор на Драмскиот театар, Роберт Вељановски:
„Уметникот секогаш бил пред времето во кое што живее. Ликовите, репликите, филмовите, сликите, ариите, скулптурите се неговата чест и неговата прокоба!
Вчера, на затворена проекција (прва монтажа), го гледав последниот снимен филм на Владо. Една од круцијалните реплики на ликот кој го игра Владо гласи:
“НЕКОЈ МОРА ДА ЈА ПЛАТИ СМЕТКАТА!!!”
Е па брату, овојпат ТИ ја плаќаш сметката! ВИЕ ја плаќате сметката!!! Ти, Борис, Игор, Богдан, ……..! Ни криви, ни должни, плаќате!“, напиша Вељановски за својот колега.