Поранешниот шеф на кабинетот на екс градоначалникот на Град Скопје, Никола Наумоски со навреди и закани кон новинарот и водител, Јанко Илковски.
Во коментар на социјалните мрежи, Наумоски пишува дека му должел, како што вели, „едно шљакање“.
Наумоски инаку е братучед на поранешната министерка од СДСМ, Радмила Шекеринска. Ваквото однесување не е прво, повеќе пати досега јавноста сведочеше на негова инволвираност во разни инциденти, како и во недолични коментари и статуси на социјалните мрежи.