вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Влада

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протест пред Влада

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 10 до 12 часот, поради одржување на протест пред Владата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје.

– Од тие причини, Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, по сообраќајницата каде што ќе се одвива протестот, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

Најнови вести