понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Потрагата по исчезнатото лице во Вардар ќе продолжи утре

Потрагата по исчезнатото лице во Вардар ќе продолжи утре

Тимот нуркачи на МВР од Специјалната антитерористичка единица Тигар поради временските услови попладнево ја прекина потрагата по лицето кое утрово скокна во водите на реката Вардар.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), потрагата ќе продолжи рано наутро заедно со тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување.

Од ЦУК информираат дека денеска е пребаран потегот од мостот „Близнак“ до Железничкиот мост и уште три километри во правец кон селото Долно Лисиче.

Во текот на денот од дежурниот оперативен центар на ЦУК е остварена комуникација и координација со Генералниот секретар на Црвенот крст на Град Скопје и договорено е Црвениот Крст во текот на утрешниот ден, рано наутро да испрати свои тимови, најверојатно два тима, со опрема и возила за да вршат пребарување на теренот по течението на реката Вардар, лево и десно низводно долж речното корито.

Утрово во 6:00 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од мостот „Близнак“ на булевар „Србија“ се фрлило во речното корито на Вардар.

На местото излегле екипи од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје и екипи на МВР кои, како што се наведува, преку Центарот за управување со кризи побарале подршка и ангажирање на специјализираните тимови за претрага во води од Дирекцијата за заштита и спасување.

-При кординативната постапка од Центарот за управување со кризи, ова барање е проследено до ДЗС за преземање на мерки и активности во нивната надлежност, со цел да се пронајде лицето, информираат од ЦУК. (МИА)

Најнови вести