среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Потребни се итни протоколи од здравствените власти за новата пандемија со мајмунски сипаници, за да не ни се повтори катастрофата со Ковид-19“

„Потребни се итни протоколи од здравствените власти за новата пандемија со мајмунски сипаници, за да не ни се повтори катастрофата со Ковид-19“
МИА

Здравствениот систем во Македонија е во целосен колапс. Пациенти бегаат од тестирање, а здравствените власти без протоколи за лечење од заразната болест „мајмунски сипаници“ Повторно како и со Ковид-19, здравствените власти доцнат со протоколите и начинот на лечење и изолација со оваа нова пандемија која масовно се шири низ Европа и светот, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат кој ќе понесеше одговорнот доколку пациентот кои одбиваше да биде тестиран, откако некако го пронајдоа, беше позитивен на оваа зараза?

– Дали министерот или пак комисијата ќе одговараа доколку ова лице заразеше свои сограѓани со овие сипаници, бидејќи по кој знае пат ние не сме подготвени за справување со пандемии. Илјадници наши сограѓани починаа од Ковид-19 заради тоа што немавме навреме вакцини, немавме доволен капацитет во болниците за примање на пациенти, но оваа неодговорна власт не ја научи лекцијата од Ковид-19 пандемија. За тоа повторно прашуваме, кога министерот Беким Сали и комисијата за заразни болести ќе донесат протоколи за оваа нова пандемија со „мајмунски сипаници“? Дали повторно треба да ни се случи истото сценарио како со Ковид-19? Властите да престанат да бркаат тендери и да се богатат врз здравјето и животот на граѓаните. Веднаш треба да се преземат итни мерки за да не се повтори како првиот суспектен случај кој за среќа е негативен на оваа болест. Неодговорноста на здравствените власти мора да запре, пред да биде доцна, се додава во партиското соопштение.

Најнови вести