вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Потврден случај на тромботичен ефект од вакцината на „АстраЗенека“ во Македонија, хоспитализирана 28 годишна девојка

Потврден случај на тромботичен ефект од вакцината на „АстраЗенека“ во Македонија, хоспитализирана 28 годишна девојка

Девојка на 28 годишна возраст добила несакана реакција откако ја примила вакцината на „АстраЗенека“ против коронавирус во Србија.

Ова денеска го потврди министерот за здравство, Венко Филипче.

-Кај нас има еден случај на девојка која има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект, се вакцинирала со „АстраЗенека“во Србија. Реакцијата се случила шест до седум дена после вакцинација, а таа нема нема претходни заболувања, истакна Филипче.

Тој посочи дека досега нема препорака дека нешто превентивно треба да се прават граѓаните кои се вакцинирале со вакцината на „АстраЗенека“.

Филипче уверува дека нема регистрирани несакани ефекти од оваа вакцина кај постарите лица, а нагласи дека во Македонија нема да се започне со вакцинација со „АстраЗенека“ на лица помлади од 60 години додека не се добијат сите анализи.

Инаку денеска заппочна вакцинација на 20 000 граѓани на возраст над 77 години со хронични болести. Филипче посочи дека дваесетина проценти во еден дел од пунктовите не се појавиле на вакцинација.

 

Најнови вести