понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Повторно навреди на Википедија за политичарите од власта (ФОТО)

Повторно навреди на Википедија за политичарите од власта (ФОТО)

Повторно има навреди за политичарите на Википедија. Овојпат на удар се шефот на државата, Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски.

За претседателот Стево Пендаровски, на англиската верзија на Wikipedia, непознат администратор му впишал навредливо средно име. Таму беше додаден зборот „стока“.

За премиерот Димитар Ковачевски некој администратор впишал и датум на смрт (Илинден, лани). Исто така во еден момент за Ковачевски наместо премиер на Македонија, стоеше премиер на Бугарија.

Најнови вести