петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пожарите низ очите на Македонец од Словенија: Граѓаните беа исплашени, ако немаа помош, нивните села ќе изгореа

Пожарите низ очите на Македонец од Словенија: Граѓаните беа исплашени, ако немаа помош, нивните села ќе изгореа

Пожарите кои избувнаа во Македонија на почетокот на август, беа успешно изгаснати со помош на словенечките пожарникари кои делуваа заедно со австриските и бугарските пожарникари. Како што опишуваа тогаш, ситуацијата била пеколна. Пожарот беше широко распространет, а ветерот придонесе ситуацијата да ескалира.

Но, покрај пожарникарите, и локалните жители помогнаа пламените јазици да не се прошират. Меѓу нив е и Душан Симоновски од Крањ, кој баш за време на пожарите, посетувал роднини во Македонија. Бидејќи е пожарникар волонтер, тој без двоумење им помогнал на словенечкиот тим, пренесува словенечкиот портал 24ur.com.

60- годишниот Душан Симоновски е роден во македонското село Митрашинци во општина Берово, што се наоѓа на околу четири километри од местото каде што горел пожарот. Отишол во Словенија во војска пред 41 година и останал таму. Живее во Крањ и е татко на две ќерки и дедо на шест внуци.

Тој отишол на одмор во својот роден град во Македонија четири дена пред да избувнат пожарите. Бидејќи веќе 40 години е волонтер, односно пожарникар доброволец во противпожарните бригади во Словенија, тој веднаш се почувствувал должен да им помогне на своите колеги во борбата со пожарот, пренесува порталот, за кој Душан раскажал што се случувало.

-Се запали на 1 август, прво во градот Кочани кој е оддалечен околу 38 километри од Берово. Вработените и цивилите прво го изгаснеа огнот таму, а потоа се прошири во областа Делчево, па и во Пехчево. Со оглед на тоа што нашето село е близу, практично веднаш дознавме за пожарот во Делчево и Пехчево. Се креваше густ чад од шумата над селата, изјавил тој за 24ur.com и додава:

„Пожарот им се закани на неколку села. Штали, црква и некои домови изгореа во Иственик. Се запали и една куќа во Црник. Селата Умлена, Робово, Мачево и Будинарци беа загрозени. Веднаш им помогнав на локалните пожарникари и помогнав да се изгасне. Пожарот беше на тешко достапно место и се прошири многу брзо поради ветрот и високите температури. Долг беше 35 километри и широк 15 километри. Се појави црн и густ чад. Гореше претежно борова шума. Бидејќи локалните пожарникари не можеа да се справат со пожарот, прво дојде засилување од Бугарија, а потоа и првиот тим словенечки припадници на противпожарната бригада и цивилната заштита. Со оглед на тоа што ги знам повеќето словенечки пожарникари, јас веднаш им се приклучив и почнав да работам со нив цело време“.

Симоновски бил во првите „борбени редови“. Му било јасно дека локалните пожарникари сами нема да можат да се справат со пожарот од големи размери.

-Имаат стара и лоша опрема за гаснење. Гасевме со стари црева, а цистерната ФАП, кој датира од 1960 година, е премногу стара и не може да издржи вакви пожари. Затоа словенечките колеги ја преземаа целата операција и го предводеа гаснењето. Им се придружија пожарникари од Австрија, кои исто така придонесоа многу за да не се запали селото. Поради непристапноста на теренот, ние се фокусиравме на спасување на селото, па за жал, шумата изгоре, вели Симоновски.

-Сите селани беа исплашени, бидејќи ако не добијат помош, цели села ќе изгорат. Благодарни сме на Словенија, Австрија и Бугарија. Србија испрати помош за хеликоптер, Романија два авиони што изгаснаа од воздух, вели тој.

Според Симоновски, локалните жители им помагале цело време, носеле храна и пијалоци за пожарникари на терен.

-Словенечките пожарникари беа многу пофалени, нагласи тој. На крајот од разговорот, заклучил дека за него, искуството е многу емотивно: Тоа е мојот роден град. Се обидов да помогнам најдобро што можам и горд сум што успеав да им помогнам на моите пријатели , локални жители и пожарникари.

Македонија побара помош од Словенија на 3 август. Словенија пак, обезбеди помош веднаш следниот ден и испрати свои екипи за помош со пожарите.

Најнови вести